Бизнис
8. October 2018 - 21:42

Штетите од невремето во Радовиш проценети на 1,5 милиони евра

Штетите од јунското невреме во Радовиш проценети на 1,5 милиони евра. Според извештајот на комисијата  триесет минутното невреме со силниот пороен дожд проследен со ветер и град кое на 19 јуни ја зафати територијата на општина Радовиш освен на земјоделските посеви  и инфраструктурата во градот предизвикало штети и во домаќинствата и на стопанските објекти.

- Имаме штети на многу приватни објекти, домаќинства, имаме на правни лица кои функционираат во општина Радовиш. Сметам дека комисијата правилно ги има  утврдено штетите како на овие правни и физички лица, така и на земјоделските површини во руралните средини во општина Радовиш и во самиот Радовиш.,, вели ГЕРАСИМ КОНЗУЛОВ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Извештајот на комисијата за  проценка на штети ќе биде една од точките по која ќе расправа и општинскиот совет на следната седница. По усвојувањето  од страна на советниците истиот општината ќе го достави  надлежните државни институции.