Штип во нов обид да издаде еврообврзница
Мнозинството во Советот на општина Штип по втор пат изгласа одлука за издавање на општинска обврзница, по што ќе се достави барање за согласност до Комисијата за хартии од вредност и Министерството за финансии. Првиот обид беше неуспешен, а доколку Владата овој пат даде „зелено светло“, ќе можат заинтереираните страни, фондови, банки и правни лица да ја откупат. Опозициските советници од СДСМ не ја поддржаа одлуката и побараа да им се каже за што конкретно ќе се искористат овие средства.
-СДСМ не е против изградба и реализација на било кој проект кој ќе го даде развојот на општина Штип. Тоа сме го покажале и во пракса, бидејќи сме ги поддржале сите проекти кои што биле реално потреба на граѓаните, изјави Трајче Стојчевски, советник од СДСМ.
-Советничката група на СДСМ бара да се наведат точни износи, изјави Маријана Рогожарска Поповска, координатор на СГ-СДСМ, Штип.
Според градоначалникот, парите од обврзницата во висина од 4 милиони евра ќе се искористи за реализација на капитални инфраструктурни проекти кој ќе овозможат развој на градот, а кои не можат да се реализираат, зашто општината враќа стари долгови.
-Факт во овој момент е дека општина Штип се раздолжува заради не одговорното работење на СДС од минатото. Тоа е факт и така ќе биде. Општина Штип, дали вие во овој момент сте против или ви одговара да ја кочите работата на локалната самоуправа, ќе се развива, изјави Иван Јорданов, грагоначалник на Штип.
Втора година по ред од општинскиот буџет ќе се издвојат 1 милион евра за Министерството за финансии, за заостанати камати за кредит земен пред повеќе од 20 години од страна на ЈП „Исар“.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар