Штрајк го парализира патничкиот сообраќај на аеродромот Бранденбург во Берлин

Патничкиот сообраќај на меѓународниот аеродром Бранденбург во Берлин денеска ќе биде речиси целосно во прекин поради штрајкот свикан од синдикатите во врска тековниот спор во врска со платите на вработените.
Со штрајкот што почна во шест часот изутринава ќе бидат засегнати околу 445 летови со околу 57 илјади патници. Неколку летови веќе се откажани, а на патниците им се препорачува да ги контактираат своите авиокомпании за информации за алтернативни патувања и пререзервации.
Верди, еден од најголемите синдикати во Европа, е во преговори со компанијата „ФББ“ што стопанисува со аеродромот Берлин-Бранденбург, барајќи шестпроцентно зголемување на платите или најмалку 250 евра за околу две илјади вработени. Согласно последниот колективен договор со важност од 12 месеци, Синдикатот уште бара и дополнителен слободен ден за работниците.
Во текот на втората рунда преговори од минатата недела, претставниците на работодавачот изнеле почетна понуда што за Синдикатите не била доволна.
Директорката на „ФББ“, Алетa фон Масенбах, го оцени штрајкот како непропорционален, особено што е свикан во „веќе многу напната ситуација поради војната во Иран“. Таа изрази уверување дека договор ќе биде постигнат на следната рунда преговори закажана за 25 овој месец.
МИА
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
