Швимер: Продолжението на „Пријатели“ би се снимало во карантин

Глумецот Дејвид Швимер, попознат како Рос од „Пријатели“, за американската емисија „Тунајт шоу“ откри дека продолжението на светски познатата серија би можело да се снима во карантин…
– Тоа може да се случи во август, во средината на август. Но, искрено, ќе мора да почекаме уште недела – две за да видиме дали е доволно безбедно за да го сториме тоа. Ако нема услови, ќе почекаме додека не се создадат, истакнува Швимер.
Тој натаму додава дека новото специјално продолжение би требало да се снима во оригиналното студио Бурбанк во Калифорнија и ќе ги има истата сценографија направена по теркот на оригиналните карактеристични места од серијата.
Наводите, инаку, говорат оти секој „пријател“ – Рос, Рејчел, Моника, Фиби, Чендлер и Џои – ќе заработат меѓу 2,25 и 2,5 милиони долари.
Серијата „Пријатели“ е снимена во вкупно десет сезони, и траеше од 1994 до 2004 година. Во неа, покрај Швимер, глумеа и Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Метју Пери и Мет Лебланк.
Ново на Сител
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
-

Случајот во ОУ “Киро Глигоров” е повик за помош да им се помогне на децата кои предизвикуваат заплашување и инциденти
