Си-Ен-Ен: Aмериканските напади не ги уништија иранските нуклеарни постројки, покажува првичната разузнавачка проценка
Првичната разузнавачка проценка на американските напади врз трите ирански нуклеарни постројки во Тананц, Фордо и Ифхасан покажа дека тие не успеале да ги уништат клучните компоненти на програмата и веројатно ја вратиле нуклеарната програма на Техеран само за неколку месеци, се наведува во извештај на Си-Ен-Ен.
Проценката на Агенцијата за одбранбено разузнавање (DIA), внатрешната разузнавачка служба на Пентагон, се базира на проценка на штетата од страна на Централната команда на САД по нападите во раните утрински часови во неделата, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на еден од четирите анонимни извори за кои се вели дека ги дале проценките.
Иако анализата е сè уште во тек и може да се промени како што ќе бидат достапни дополнителни податоци, таа сè уште е во спротивност со постојаното јавно инсистирање на американскиот претседател Доналд Трамп дека нападите ги уништиле постројките во Фордо, Натанц и Исфахан.
Два извори рекоа дека резервите на збогатен ураниум на Иран не се уништени, додека друг изјавил дека центрифугите што се користат за збогатување останале во суштина „недопрени“.
„Значи, проценката (на DIA) е дека САД ги врати назад за можеби неколку месеци, најмногу“, рече еден од изворите.
Белата куќа остро ја отфрли анализата, но се чини дека го призна нејзиното постоење.
-Оваа наводна проценка е целосно погрешна и е класифицирана како „строго доверливо“, но на Си-Ен-Ен ѝ беше доставена од анонимен, ниско позициониран губитник во разузнавачката заедница, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Таа истакна дека „протекувањето на оваа наводна проценка е јасен обид да се омаловажи претседателот Трамп и да се дискредитираат храбрите борбени пилоти кои изведоа совршено извршена мисија за уништување на нуклеарната програма на Иран“.
-Секој знае што се случува кога совршено ќе фрлите четиринаесет бомби од 14 тони врз нивните цели: тотално уништување“, додаде таа.
Израел започна воздушна кампања против воените и нуклеарните објекти на Иран на 13 јуни, погодувајќи неколку од истите локации што ги погодија и САД во неделата.
-САД ги нападнаа објектите Фордо и Натанц со 14 бомби за разбивање бункери од 13.600 килограми, фрлени од стелт бомбардери Б-2, изјави во недела генералот на Здружениот штаб на вооружените сили, Ден Кејн.
Тој додаде дека повеќе од дваесетина крстосувачки ракети лансирани од подморници биле насочени кон целта во Исфахан.
Трамп тврдеше дека местата биле „целосно уништени и сите го знаат тоа“.
„Ми беше голема чест да ги уништам сите нуклеарни објекти и капацитети, а потоа да ја сопрам војната“, рече Трамп на социјалните мрежи во вторник.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
-
Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците
-
Се следи состојбата со цените на пазарот
-
Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран