Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, денеска изјави дека претседателот Володимир Зеленски е подготвен да се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, но руската страна избегнува таква средба.
„Зеленски е подготвен да се сретне со Путин. Прашањето е зошто се крие“, рече Сибиха на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, објави РБК Украина.
Украинските претставници претходно изјавија дека Киев е подготвен за средба меѓу Зеленски и Путин во Турција, со учество на американскиот претседател, Доналд Трамп, и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Зеленски претходно изјави дека за време на следната рунда преговори треба да се договори средба на лидерско ниво, бидејќи, според него, клучните одлуки за територијалните прашања можат да се донесат токму во тој формат.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
