Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 38. Охридски пливачки маратон
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка на Охридскиот пливачки маратон, им ги додели наградите на победниците врз основа на регистрираните резултати во моментот на прекинот на натпреварот.
Како што потсетија од нејзиниот Кабинет, на оваа престижна меѓународна спортска манифестација којашто по 38-ми пат се одржа во Охрид во женска конкуренција победничка е Мајте Ајлен Пука, додека победници во машка конкуренција се Матео Фурлан, Федерико Тамборино и Матијас Дијас Хернандес.
Сиљановска-Давкова им честитала на победниците и на сите учесници на маратонот, изразувајќи им признание за издржливоста, посветеноста и спортскиот дух. Таа им посакала добро здравје и нови спортски успеси.
На патеката „Климе Савин“, годинава се натпреваруваа 16 пливачи од шест држави: десет во машка и шест во женска конкуренција, меѓу кои, четворица македонски натпреварувачи.
МИА
Ново на Сител
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции