Сиљановска - Давкова ќе ги прими учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова вечер ќе се обрати пред учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026, којшто се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“.
На приемот, насловен „Лидерството и културата како мостови меѓу цивилизациите“, ќе се обратат поранешниот претседател, д-р Ѓорге Иванов, директорот на Институтот за културна дипломатија од Берлин, Марк Донфрид и претседателката на Националната комисија за УНЕСКО на Унгарија и Асоцијацијата на ОН на Унгарија, Каталин Анамарија Боѓај.
Форумот е организиран од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија (2009–2019), д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на Министерството за култура и туризам.
Ново на Сител
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
