Сиљановска-Давкова ќе го одликува американскиот генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска ќе го прими американскиот командант на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и на свечена церемонија ќе го одликува со Орден за воени заслуги.
Генерал-мајор Најт, како што информираат од Кабинетот на Сиљановска – Давкова, се одликува со Орден за воени заслуги за неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка што резултираше со бројни активности за зајакнување на капацитетите и за зголемување на борбената готовност на македонската армија.
Генерал-мајор Грегори Најт, од денеска до 11 декември ќе престојува во официјална посета на државава.
Како што соопшти АРМ, по пречекот со високи воени почести, генералот Најт ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Во текот на престојот, согласно агендата, предвидена е и средба со претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, како и со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Во рамки на посетата, како што информираат од АРМ, командантот на Националната гарда на Вермонт ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде се предвидени средби со раководството на Академијата.
МИА
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
