Сиљановска-Давкова во официјална посета на Хрватска, средби со Милановиќ и Пленковиќ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Загреб, со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Во рамки на официјалната посета на Хрватска, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји.
Македонската претседателка ќе оствари средба и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец на Споменикот на татковината, а во градскиот парк „Бундек“ ќе положи венец на спомен-бистата на Блаже Конески.
Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб претседателката ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели.
Претседателката Сиљановска-Давкова, вчера ја посети македонската православна црква „Свети Злата Мегленска“ во Загреб и оствари средба со претставници на македонската заедница во Хрватска.
МИА
Ново на Сител
-

Голема еколошка акција на Патриотско друштво за пошумување на Ајватовски Рид
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
