Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на Самитот на НАТО ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, кој пред половина час почна во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара. Сиљановска ја предводи делегацијата во која покрај не се и министрите за одбрана и надворешни работи како и началникот на генералштабот на армијата.
Во фокусот на агендата на самитот е јакнењето на колективната безбедност на Алијансата преку поголеми инвестиции во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и унапредувањето на одбранбените способности, како и продолжувањето на поддршката за Украина. На маргините на самитот предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да оствари средби со шефови на делегации на дел од земјите-членки на НАТО.
Сиљановска утрово, во пресрет на состанокот на северноаталнскиот совет порача дека проширена и обединета Европа значи и посилно НАТО.
