Симболична инсталација „63 бели столчиња - 63 животи“, визуелен споменик на недовршените соништа на загинатите во пожарот во Кочани

Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња - 63 животи“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани почна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во која на 16 март минатата година згаснаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Шеесет и три бели столчиња наредени во тишина на отворено и една бела роза на нив за спомен и отворена книга за жалост како немо сведоштво за животи прекинати во најубавите години.
-63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат - секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и место што никогаш нема да биде исполнето - беше пораката со која многуте делегации ги пречекаа семејствата на загинатите и другите пред Домот на културата во Кочани.
Настанот, организиран од Општина Кочани и од родителите на загинатите, почна во 8.45 часот и претставува дел од централната програма за одбележување на годишнината од трагедијата.
При приемот на гости и делегации за комеморативниот настан „Ден на сеќавање - 16 март 2025“, кој почнува во 10.30 часот во Центарот за култура „Бели мугри“, утрово, пред овој визуелен споменик, посветен на недовршените соништа на прерано починатите, отворена е и книга на жалост.
МИА
Ново на Сител
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
