Синдикатите и Владата далеку од договор за платите
Различни пресметки и проценти за зголемување на платите на административците меѓу власта и Синдикатот. ССМ бара инфлацијата од 14,2% да биде основа за покачувањето, министерката Тренчевка се чуди од каде излезе овој процент.
На Социо-еконосмкиот совет вели дека се разговарало за начинот за пораст на платите, а не за проценти.
,, Не знам од каде се 14%. Платите на дел од државните службеници беа зголемени во март, кај некои 7,8%, кај некои 16 осто. Не е процентот, се работи да најдеме систем, кој ќе биде во ред и за Синдикатите и во владата. Го бараме решението и во рамки на ова решение'' - изјави Тренчевска.
Од Синдикатот пак, децидни – доста со формули и математики. Работниците ги интерсира за колку ќе им се зголемат платите во септември.
,,Со формули не смееме да влеземе, тука се мајстори да не изиграат. Доста со проценти, доста со формули. Ние тоа не го разбираме. Мене ме интересира колку ќе ми се покачи платата. Ако земам 25,000 илјади – 14% се плус 3,500 денари. Нас тоа не интерсира'', изјави Марјан Ристевски, КСОМ.
,,Инфлација од 14,2 треба да биде основниот параметар, за да не се изгуби куповната моќ. Нека се откажат функционерите од зголемувањето од 78%, нека бидат солидарни'', додава Слободан Трендафиловски, престедател на ССМ.
Преговорите меѓу власта и Синдикатот продолжуваат утре наутро. Ќе се одржат во Министерството за финансии, каде министерот Бесими ќе им соопшти во каква кондиција е буџетот и колкаво зголемување на платите е можно.
Ако не се задоволни, од Синдикатот најавуваат протести.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
