Скопје ќе биде престолнина на европскиот кикбокс – Македонија домаќин на Европското кикбокс првенство 2026

Од 6 до 15 ноември 2026 година, Скопје и нашата земја ќе бидат домаќини на ВАКО Европското првенство за сениори, ветерани и паракикбокс, кое ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“. Ова престижно натпреварување претставува најзначајниот кикбокс настан во нашата држава годинава.
Доделувањето на организацијата на нашата држава претставува големо признание за македонскиот спорт, за работата на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија и за угледот што нашата држава го ужива во европското и светското кикбокс семејство. Апликацијата за организација на европско првенство од страна на КМФМ беше поднесена во 2021 година, но поради корона кризата и внатрешни работи во меѓународната федерација, ни беше доделена за оваа година. Организацијата на едно европско првенство од ваков ранг е привилегија што ја добиваат само земји кои со нивната работа и постигнати резултати оставиле трага во светскиот кикбокс, а истовремено располагаат и со соодветни спортски капацитети, организациски способности и меѓународен кредибилитет.

Се очекува во Скопје да пристигнат најдобрите европски кикбоксери, тренери, судии, спортски функционери и делегации од околу 40 европски држави, со оќолу 1.400 учесници, со што македонската престолнина десет дена ќе биде центар на европскиот кикбокс. Натпреварувањето ќе донесе значајни придобивки не само за спортот, туку и за туризмот, угостителството и промоцијата на државата на меѓународно ниво.
Европското првенство ќе претставува исклучителна можност Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија да ги покаже своите докажани организациски способности, а нашата држава да ги покаже своите организациски капацитети, спортска инфраструктура и традиционално гостопримство пред цела Европа. Илјадници спортисти, тренери, судии и гости ќе имаат можност одблиску да се запознаат со нашата земја, нејзините културни вредности и природни убавини.

Особено значење има и фактот што првенството ќе ги обедини сениорите, ветераните и паракикбоксерите, испраќајќи силна порака за еднаквост, инклузивност и спорт достапен за сите. Со тоа, Скопје ќе стане симбол на спортското единство и европските вредности кои ги промовира кикбоксот.
За македонските репрезентативци ова ќе биде историска можност да настапат пред домашна публика на најголемото континентално натпреварување оваа година, додека за државата организацијата на ваков настан ќе претставува дополнителна афирмација на меѓународната спортска сцена.
ВАКО Европското првенство 2026 во Скопје не е само спортски настан – тоа е национален проект, промоција на државата и потврда дека нашата држава успешно чекори кон организација на најголемите европски и светски спортски настани.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
-

Антикорупциските закони добри само на хартија - само двајца функционери пријавиле подароци
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Преглед на вестите од светот
