Македонија
11. February 2026 - 14:22

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал

На 10.02.2026 околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Његошева“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(46) удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.