Со сведочење на ќерката на првообвинетиот Дејан Јованов продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со сведочење на ќерката на првообвинетиот Дејан Јованов денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На последното рочиште, вештото лице од Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, изнесе низа забелешки за методологијата и опфатот на вештачењата нарачани од одбраната на првообвинетиот, оценувајќи дека во нив има селективен пристап, изоставување релевантни факти и навлегување во области за кои, како што посочи, вештото лице се изјаснило дека нема стручност.
Истовремено, на почетокот на претходното рочиште, Јавното обвинителство изнесе забелешки во врска со предлогот за вештачење од Мирослав Грчев и начинот на кој дел од одбраната планира да ги изведе доказите, оценувајќи дека постојат тенденции за одолжување на постапката. Одбраната, пак, посочи дека редоследот на изведување на доказите досега бил менуван со согласност на странките и дека секоја одбрана самостојно ја конципира својата теорија и начин на одбрана.
Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Процесот почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по пожарот што се случи на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.
МИА
Ново на Сител
-

Кристијан Корабоски без притвор
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, СДСМ
-

Обвинителството бара притвор за охриѓанецот
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид
-

Мерки на претпазливост за охриѓанецот кој ја претепал Сара до бесвест – мајката тврди дека мислел оти е мртва и сакал да се ослободи од телото
-

Остри партиски реакции по насилството во Охрид
-

Хаџи Василева го презеде Обвинителството, најавува промени и отпор на притисоците
-

Алта банка оди на продажба
