Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП

Македонската машка ракометна репрезентација стигна до многу значајна победа на Европското првенство, совладувајќи ја селекцијата на Романија со минимални 24-23, во меч што понуди вистинска драма до самиот крај.
Прашањето на победникот беше решено во финишот, кога Ненад Костески со прецизен погодок во последните секунди го запечати триумфот и предизвика ерупција од емоции кај македонските ракометари и навивачите. Избраниците на селекторот влегоа силно во натпреварот, диктираа темпо во нападот и со организирана и агресивна одбрана подолг период ја имаа контролата врз случувањата на теренот.
Со овој триумф Македонија ја запиша првата победа на шампионатот, по стартниот пораз од Данска и ремито со Португалија, останувајќи цврсто во трката за пласман и задржувајќи реални шанси за успешен настап во продолжението на Европското првенство.
Ново на Сител
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
