Македонија
31. July 2025 - 12:22
Собранието ја почна 61.та седница, спикерот Гаши зборуваше за процедурата за изборот на народен правобранител
Собранието денеска ќе ја одржи 61. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот. Согласно деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата. Седницата почна, но беше побарана пауза од еден час и треба да продолжи секој момент. Инаку во собранието спикерот Африм Гаши одржа и прес конференција и се обрати во врска со огласот за избор на народен правобранител.
-->
-->