Собранието одобри пренамена на пари за долгот кон ЕВН, но нема да има за сите
Обезбедени се пари за плаќање на долговите за струја на државните институции. Со прераспределба на неискористените средства, Владата пренамени 118 милиони евра. Дали со нив ќе се покрие целиот долг, над 40 милиони на сите институции или само на Клиничкиот Центар - власта без прецизен одговор. Премиерот Ковачевски вели државата не смее да дозволи клучните претпријатија да останат во мрак.
Со пренамената скратенени се сите непотребни трошоци, за мебел, привремени вработувања, режиски трошоци, но и за камати кон странски и домашни кредитори, претпристапна помош.
Сепак, од ЕВН информираат дека парите не им легнале на сметка. Штом се одобрени и изгласани во Собаранието, се надеваат дека деновиве ќе им бидат префрлени. Во спротивно, ќе продолжат со исклучување на електрична енергија на институциите кои со години не си ги плаќале сметките. Власта е неспособна да се справи со енергетската криза, обвинува опозицијата. Домашните капацитети потрфлиле, а допрва не очекува енергетско цунами.
И додека граѓаните и стопанството ја чекаат Регулаторна да соопшти колку ќе ги чини струјата по Нова година, владата најваува измени во 3 тарифен блок. За домаќинствата од 1 и 2 блок вели дека е можно поевтинување, но оние кои имале повеќе пари и трошеле повеќе, редно било да плаќаат поскапа струја.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
