Сончево со слаб ветер, температура до 16 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Како што информира УХМР, до крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемено наоблачување. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
МИА
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
