СОНК ќе штрајкува од 11 април
Финансиската состојба е неиздржлива, револтот кај наставниците голем. Со зголемувањето на минималецот на 18.000 денари, а стагнирањето на платите во образованието, стапувањето во генералан штрајк е единственото решение, велат од СОНК. Бараат поддршка од родителите, посебно од тие што имаат деца во градинките, да им ја сфатат ситуацијата и да се снајдат додека трае штрајкот.
-Платите во градинките достигнуваат до 24.000 денари, а за негователките, за жал се колку минималната, однсно 18.700 денари. Затоа револтот е толку голем. Не може да гледате 20, 30 деца, одговорноста е голема за 18.700 денари, а некој друг, не сакам да навредам никој, да зема иста плата за далеку помалку одговорна работа, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.
Ќе се одложи и полагањето на матурскиот испит, кој требаше да се полага во април. Наставата која учениците ќе ја загубат, Неделков уверува, дека ќе им биде надокнадена.
-Наместо со аплауз да се дочека зголемувањето на минималната плата, која требаше да повлече зголемување на сите останати плати, одлуката наиде на револт кај колегите, додава Неделков.
Согласно одлуката, од 11 април, школите и градинките нема да работат, односно нема да примаат деца и ученици, се додека не се исполни барањето на СОНК – зголемување на платите за 18,5%. Во моментов, основицата, без стаж и додатоци, во основните школи изнесува 24.700 денари, додека во средните 25.800 денари. Со зголемувањето, платите на образовниот кадар би се зголемиле најмногу до 31.000 денари.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
