Македонија
18. March 2026 - 8:12

Сообраќајот без застои по влажни коловози

Слаби врнежи од снег на Попова Шапка и во Крушево, како и на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато. Според информациите од ЈП „Македонија пат“, сите патишта се проодни.

Сообраќајот се одвива без застои по влажни коловози, а се препорачува зголемена внимателност при возење, особено во клисурите каде постои можност од појава на одрони.