Советот на јавни обвинители не избра нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје

Советот на јавни обвинители на денешната 40-та седница не донесе одлука за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, со оглед дека ниту еден од петмината пријавени кандидати не го доби потребниот број гласови.
На седницата Советот ги разгледа кандидатурите на Фатиме Фетаи, Владимир Милошевски, Артан Ајро и Јасмина Костовска Здравевска, со оглед дека петиот кандидат Александар Марковски, веќе беше избран за јавен обвинител во ОЈО ГОКК.
Претседателот на Советот, Башким Селими, на почетокот информираше дека на огласот се пријавиле седум кандидати, од кои двајца Џелал Бајрами и Трајче Пеливанов ги повлекле кандидатурите.
Државниот јавен обвинител Ненад Савески, рече дека останува на ставот да се даде шанса на сите за напредок ќе гласа за Јасмина Костивска Здравеска.
- Обвинител со интегритет и има вештини кои како личност е препознаена во фелата како позитивна и добронамерна личност, што се важни карактеристики за една менаџерска функција - рече Савески.
Марија Илиевска, рече дека се согласува со ставот на Савески, нагласувајќи дека тоа и се потврдило и од интервјуто со кандидатите.
Ермонд Незири гласаше за Фатиме Фетаи, нагласувајќи дека е кандидат со најмногу искуство и според него најсоодветен кандидат.
МИА
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде меѓу најпогодените од војната на Блискиот Исток, вели ЕБОР
-

Тема на денот со Раби Седрак, директор на институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии
-

6 години членство во НАТО - Македонија кредибилен партнер во Алијансата
-

Трамп го продолжи ултиматумот кон Иран за Ормускиот Теснец
-

Филипче бара мерки од Владата, Мицкоски најави намалување на акцизата ако расте цената на нафтата
-

Војната на Блискиот Исток веќе ги зголемува производните трошоци
-

Новиот државен обвинител одби да ги коментира изјавите на премиерот Мицкоски
-

Нов обвинител ќе ги преземе предметите против полицајците за „Пулс“
