СП 2026: Мароко прв четвртфиналист

Во првиот осминафинален натпревар на Светското првенство во фудбал, Мароко вечерва ја совлада Канада во Хјустон со 3-0 и со убедлива победа го завери местото во четвртфиналето.
Мароканците, кои на последното Светско првенство 2022 во Катар го освоија третото место, пласманот во четвртфиналето го обезбедија со три гола во второто полувреме.
Воведните 45 минути донесоа претпазлива игра на двете репрезентации, без ниту една посериозна шанса за гол.
По само пет минути игра во второто полувреме, Азедин Унахи го доведе Мароко во водство, а истиот фудбалер во 82 минута ја удвои предноста на африканската репрезентација.
Печат на убедливиот триумф на Мароканците стави Рахими во завршните секунди од судиското продолжение.
Противник на Мароко во четвртфиналето ќе биде победникот од второто осминафинале во кое вечерва ќе играат Франција и Парагвај.
МИА
Ново на Сител
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
