Специјалниот претставник на Трамп, Зампаоли предложи Иран да се замени со Италија на СП 2026

Паоло Замполи, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за глобални партнерства, се обрати до ФИФА со предлог Иран да се замени со Италија на Светското првенство во 2026 година, објавува „Фајненшл тајмс“.
Според изворот, оваа иницијатива има за цел подобрување на односите меѓу Трамп и италијанскиот премиер Џорџо Мелони.
-Потврдувам дека им предложив на Трамп и Инфантино Италија да го замени Иран на Светското првенство, го цитира весникот Замполи.
Тој е од италијанско потекло и сонува да ја види репрезентацијата на турнирот што се одржува во Соединетите Американски Држави. Според Замполи, италијанската репрезентација заслужува место во жрепката.
Репрезентацијата на Иран треба да игра против Нов Зеланд, Белгија и Египет во групната фаза на Светското првенство. Сите натпревари се предвидени да се играат во Соединетите Американски Држави.
На 21 април, иранскиот министер за спорт Ахмад Донјамали истакна дека сè уште не е донесена одлука во врска со учеството на репрезентацијата на турнирот.
Репрезентацијата на Италија не успеа да се квалификува за Светското првенство. Тимот загуби од Босна и Херцеговина (1:1, на пенали 1:4) во финалето на плејофот.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
