Македонија
5. August 2025 - 12:12

Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите. Околу 3 проценти не дошле на испитите. Јаневска изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година кога просечна оценка била 3.26 и бидејќи немало голем број препишувања. Како што рече, 172 се обиделе да препишат и да го надмудрат“ системот.