Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик

Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Шкотска, каде ќе разговараат за можностите за обновување на мировните преговори меѓу Израел и Хамас, како и за царинските давачки за британскиот челик.
Средбата ќе се одржи во голф теренот на Трамп „Тернбери“ во Ајршајр, а се очекува да вклучи и разговори за трговија и состојбата во Газа, каде што хуманитарната криза се влошува.
Според најавите, Стармер ќе го поздрави ангажманот на американската администрација со Катар и Египет за постигнување прекин на огнот и ќе ја истакне потребата од итно ослободување на заложниците и проширување на пристапот за хуманитарна помош.
Двајцата лидери ќе разговараат и за економската соработка. Иако на самитот на Г7 минатиот месец беше потпишан договор за економски просперитет, царините за челичната индустрија останаа на 25 проценти, наместо да бидат укинати како што првично се најавуваше.
Според Даунинг стрит, разговорите ќе се водат и за војната во Украина и за зголемување на притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин.
Стармер и Трамп, и покрај разликите во политичките погледи, изградиле добра лична релација, а Трамп изјави дека британскиот премиер „работи многу добро“.
Оваа средба доаѓа по најавата за трговски договор меѓу САД и ЕУ и пред претстојната официјална посета на Трамп во Велика Британија во септември.
МИА
Ново на Сител
-

Охрид со богата културна програма привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања – Цена на станови, мерки, јавен обвинител...
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседател на СДСМ
-

Економски мерки, работата на новиот државен јавен обвинител и корупцијата во фокус на пратеничките прашања
-

Средношколците и ги претставија проблемите со кои се соочуваат на претседателката на државата
-

Законот за високо образование во понеделник ќе биде објавен на ЕНЕР на увид на јавноста
-

М-НАВ поднесе кривична пријава против синдикалецот Тасевски
