Ставени под контрола пожарите кај Измир
Разорните пожари во областа Измир во Турција се ставени под контрола, објави денеска турската влада, додека напорите за гаснење огнената стихија продолжуваат во југоисточната провинција Хатај.
Службите за итни случаи во Хатај работеа цела ноќ за да го изгаснат пожарот што избувна во петокот попладне во шума во Дортјол и брзо се ширеше поради силните ветрови.
Гувернерот на Хатај изјави дека досега се евакуирани девет области и речиси 2.000 луѓе. Временските услови и топографијата на планинскиот терен ги комплицираат напорите за гаснење на пожарите.
Во последните денови, во Турција избувнаа стотици пожари, од кои 10 големи шумски пожари, а најпогодена е областа Измир. Досега се регистрирани три жртви, а има и повредени.
Покрај опожарените шума, изгореа и три села, а има и многу угината стока и диви животни.
Ново на Сител
-
Лилјана и Јован – годинешни младенци за Галичка свадба
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот