Стефковски: За мене е чест што моето име ќе биде меѓу имињата на анкетите за градоначалник на Скопје
Моето име е дел од имињата кои ќе одат на анкети за градоначалник на Град Скопје. За мене тоа претставува чест и е резултат на посветената работа и реализацијата на голем број проекти во изминатите четири години, изјави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, одговарајќи на новинарско прашање дали очекува да биде кандидат за градоначалник на главниот град откако Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не го потврди како кандидат за нов мандат за Гази Баба.
Одговарајќи на новинарски прашања при увид во изградбата на ОУ „Крсте Мисирков“ во општината што ја предводи, заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, Стефковски рече дека ВМРО-ДПМНЕ „спроведува транспарентен и демократски процес на номинирање на можните кандидати за градоначалници и советници за престојните локални избори“.
-Она што сакам со сигурност да го кажам е дека идниот градоначалник на Град Скопје ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и, секако, кој и да е ќе ја добие нашата поддршка и поддршката од скопјани бидејќи Скопје заслужува сериозен развој и лик на европска метропола, изјави Стефковски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата