Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.
Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, предводена од потпретседателка на Парламентот Весна Бендевска и пратениците Сергеј Попов, Даниела Белимова и Сања Лукаревска, делегација од Град Скопје, како и делегации на други институции, на партии, граѓански здруженија.
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил целата држава. Противниците на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.
Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
-

Адвокатите бараат измени на обвинението за пожарот во кочанската дискотека
-

Мицкоски: Нема селективна правда и недопирливи, системски се бориме против криминалот
-

СДСМ: 5 тони дрога поминале низ Македонија - кој ќе одговара за картелскиот скандал?
-

Левица со законски решенија за подобрување на работничките права
