Бизнис
31. March 2022 - 16:32

Стопанството излегува со загрижувачки прогнози

Песимистички прогнози од германските инвеститори кои работат во земјава. Повеќе од половината сметаат дека годинава ќе биде потешка отколку ланската. Високите цени на енергенсите, поскапените репроматеријали, намалената побарувачка, недостигот на работна сила, правниот систем, недостигот на борба против корупцијата, неефикасната и бавна админситрација, се главните проблеми со кои се соочуваат. Притисок им прави и зголемувањето на минималната плата, така што 15% од германските компании планираат отпушата или укинување на 3-та смена. Од Владата бараат субвениции кои би им помогнале за полесно водење бизнис.

- Мерки кои би им помогнале се било кој вид на дали субвенции во врска со трошоци за енергија, посебен пакет мерки за нето извозници, и додатни субвенции за капитални инвестиции, изјави Емилија Спировска, член на Управен одбор на германска банка.

Во ек на најголемата криза, Владата носи решенија кои даваат резултати, смета премиерот Ковачевски. Германија е најголем трговски партнер на земјата, затоа ќе се работи на 3 приоритети.

- Справување со посседиците од кризата, оставрување економски раст и капитални инвестиции, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Војната во Украина, бегалската криза, неизвесноста со снабдување со руски гас и нафта, прекинати ланци на испорака - се само дел од предизвиците со кои се соочуваат сите земји, вклучувајќи ја и Македонија. Но, според германската амбасадорка ова може да биде и можност да се привлечат некои компании, кои ја напуштаат Украина. Нејзината порака е да се продолжи кон спроведување на Преспанскиот договор за побрзо членство во Унијата

Инаку во македонско-германско здружение членуваат над 143 компании кои на владините преставници им кажаа што очекувааат од новата влада.