Студентите во блокада во Србија ги повикуваат граѓаните денеска на генерален штрајк
Студентите во блокада повикаа за денеска на генерален штрајк во Србија, и добија поддршка од проширената ректорска управа на Универзитетот во Белград, Адвокатската комора на Војводина и Белград и неколку различни синдикати, здруженија и иницијативи.
Во објавите на социјалните мрежи, студентите во блокада ги повикуваат граѓаните „да ги запрат луѓето околу себе“, да излезат надвор, да не трошат пари и да не одат на работа, јави Бета.
Им препорачуваат да земат слободен ден од работа или боледување и да ги повикаат колегите да им се придружат. Тие исто така ги повикаа да не одат во кафулиња и ресторани, да не купуваат во супермаркети, да не се посетуваат кина и театри…
„Ова не е само протест, ова е борба за одговорност, правда и иднина…“, изјавија претходно студентите кои го организираа првиот генерален штрајк на 24 јануари.
Генерален штрајк свикаа и бројни средношколци, кои за денеска најавија протестна прошетка во Белград.
Проширената Ректорска управа на Универзитетот во Белград ги повика вработените во институциите членки на Универзитетот да ги поддржат студентите со прекин на работата во текот на денот.
Управниот одбор на Адвокатската комора на Белград одлучи нивните членови да ја прекинат работата, односно адвокатите да не постапуваат пред судовите, обвинителствата, полицијата… освен во посебни случаи.
Адвокатската комора на Војводина ќе штрајкува, додека студентите кои ги блокираат факултетите на Универзитетот во Нови Сад најавија обиколка на 13 јавни претпријатија и институции. Како што е најавено, ќе им се придружат средношколци, просветни работници, граѓани.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи