Судењето за пожарот и 14-те жртви во модуларната болница во Тетово ќе почне на 6ти Септември
Една година по големата трагедија почнува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 лица, а имаше и многу повредени. Првото рочиште е закажано за вторник 6 септември, а предметот е распределен кај судијата Јордан Велковски.
Обвинети се тројца, поранешните директори на тетовската клиничка болница, медицинкиот Флорин Бесими, брат на актуелниот министер за финансии Фатмир Бисими, економскиот директор Артан Етеми како и доктор од болницата.
Директорите ќе одговараат за тешки дела против општата сигурност, а лекарот за кривичното дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Според обвинението правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово се товари за кривичните дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Во некоколку месечната истрага покрај обвинителството беа вклучени и форензичари од Германија.
Прегреан продолжен кабел во една од просториите во модуларната болница беше посочен како причина за големиот пожар кој се случи лани на 8 септември во вечерните часови. Целиот објект полн со пациенти и нивни роднини изгоре до темел за само неколку минути.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
