Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
Сведокот во предметот за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, Гоце Трајковски, се предаде на полицијата, дознава „Скопје1“ од свои извори. Гоце исто така е осомничен за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода. Тој пред краток период, сам отишол во ПС Кисела Вода, а откако по него беше распишана потерница.
Трајковски е сведокот кој водел истрага со таткото на Вања и заедно трагале по неа. Собирале и прегледувале снимки. Требаше да се појави на судењето на 15 ноември, но неговата мајка Кираца Трајковска која исто така беше сведок, кажа дека тој имал здравствени проблеми.
Подоцна се дозна од Обвинителството, дека тој има и својство на осомничен за подметнување на пожар, бидејќи според податоците оттаму, на 13 ноември со уште три лица, запалиле кафуле кое било лоцирано во зграда во Кисела Вода.
Ново на Сител
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот