СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени

Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека за време на актуелната воена ескалација се извршени 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, при што загинале четворица здравствени работници, а 25 лица биле повредени.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на прес-конференција соопшти дека организацијата документирала и напад врз здравствена установа во Либан, без да биде прецизирана одговорноста за инцидентот.
Регионалниот директор на СЗО, Ханан Балки, информираше дека во Иран биле погодени и четири амбулантни возила, додека неколку болници и здравствени центри претрпеле материјална штета поради напади во нивна непосредна близина. Поради безбедносни причини, една болница во Техеран била евакуирана.
Иранскиот амбасадор во СЗО претходно испратил писмо до раководството на организацијата, во кое навел дека најмалку 10 здравствени установи биле погодени од воени дејствија.
Во меѓувреме, логистичкиот центар на СЗО во Дубаи, кој обезбедува медицински материјали за десетици земји, привремено е надвор од функција поради ограничувањата во транспортот во регионот, што дополнително го отежнува снабдувањето со медицинска помош.
Воените операции на САД и Израел против цели во Иран започнаа на 28 февруари и доведоа до цивилни жртви и регионална ескалација, по што Иран возврати со напади врз израелски цели и американски воени позиции.
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
