Таткото тепач во притвор, за детето жртва на насилство неопходна е стручна помош
Наместо безгрижно детство со родителска љубов, шлаканици, трауми и лузни како секојдневие. Четиригодишното дете од Драчево не било само еднаш жртва на таткото кој на објавеното видео на социјалните мрежи, брутално ја тепа и се заканува по живот. И претходно трпело тортура со видливи повреди по телото.
Снимката што ја направила мајката предизвика бурни реакции во јавноста. Насилниот родител веќе е во притвор а од детската амбасада Меѓаши го повикаа семјеството да побараат помош кај нив од стручни лица.
-Ова крвничко тепање од страна на родител кај детето жртва на насилство може да развие посттрауматски стрес, нарушувања и да остави трајни последици. Затоа е потребно можеби првите 48 часа да се добие прва психолошка помош и нашите СОС оператори се подготвени за таков вид на дејство да бидат на терен. Многу е важно да не се наруши нивниот дом а веќе е нарушено правото на секое дете да ја добие грижата од најблиските и ова тепање може и кај сестрите да развие повлекувањ еили чуство на вина дека тие допринеле до тоа, вели Драги Змијанац од детска амбасада Меѓаши.
Од Обвинителството по пријавата веднаш побарале пртивор за осомничениот татко, бидејќи според прибраните докази тој и порано бил агресивен во земејството и постои опасност да го повтори делото. А крвничкото тепање се случило ддодека мајката приготвувала јадење.
Додека мајката на детето приготвувала јадење, тоа си играло со нејзините две сестри. Во еден момент девојчето се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, поради што осомничениот започнал да ја навредува и да ја удира со шлаканици по лицето, нанесувајќи и телесни повреди – набиеница на главата и огреботини на кожата на лицето. Продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие, стои во соопштението од Обвинителството. .
Освен вербалните искази и снименото видео од страна на мајката е дел од доказната постапка во Обвинителството.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар