ТАВ Македонија доби сертификат Great Place To Work
ТАВ Македонија, операторот на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, доби сертификат Great Place To Work® (“Одлично место за работа”), како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат.
- Сертификатот Great Place to Work® се доделува врз основа на обемен процес на евалуација кој вклучува темелна анализа на политиките, практиките на работното место и анонимни повратни информации од самите вработени, соопшти денеска ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми.
Ова признание, како што наведуваат, е уште еден доказ дека ТАВ Македонија е компанија која е посветена на постојано обезбедување позитивна, поддржувачка и исполнета работна средина за секој вработен.
-Многу сум горд што ТАВ Македонија го доби сертификатот Great Place To Work®. Оваа награда е потврда дека ТАВ Македонија не е само работно место, туку заедница изградена на доверба, почит и постојана грижа за нашите вработени. Ние веруваме дека зад секој успешен бизнис стојат луѓето. Признанието е за вас. Им благодариме на нашите клиенти, партнери и заедницата за нивната поддршка и доверба. Продолжуваме со уште поголема мотивација да бидеме пример за модерна, одговорна и инспиративна работна средина, создаваме место каде што луѓето сакаат да работат – и сакаат да останат, вели во пишана изјава Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.
Ново на Сител
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче
-
Семејствата на починатите од „Пулс“ да се вклучат во кривичниот прогон
-
ИЈЗ: Позитивните на мајмунски сипаници се во добра состојба - Отворени телефонски линии за информации за граѓаните