Температурата утрово од 2 до 12 степени, најмногу дожд во Крушево

Најмногу дожд во Крушево, 6 литри на квадратен метар во изминатото деноноќие, најниска температура утрово 2 степена на Попова Шапка.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите 24 часа, три литри на квадратен метар количество врнежи се измерени на Попова Шапка, 2 во Тетово и Лазарополе и еден литар на квадрат во Маврови Анови и Прилеп.
УХМР соопшти дека температурата во 8.30 часот утрово е 4 степени во Берово, 5 во Лазарополе и Маврови Анови, 6 во Крива Паланка и Крушево, 8 степени во Струмица, Охрид, Виница и Битола, 9 во Прилеп, Тетово, Претор, Кавадарци и Скопје – Петровец, 10 во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Штип, Велес и Демир Капија и 12 степени Гевгелија.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во северозападните и северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
