Тен Хаг: Ова е мојата најголема победа како тренер на Манчестер јунајтед
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, истакна дека триумфот над Барселона во реванш плејоф натпреварот за пласман во осминафиналето во Лига Европа е негова најголема победа откако седна на клупата на англискиот клуб.
Јунајтед синоќа се пласираше меѓу осумте најдобри екипи во Лига Европа совладувајќи ја Барселона во реваншот на „Олд Трафорд“ со 2-1, откако првиот натпревар во Шпанија заврши 2-2. Составот на Тен Хаг дојде до победата со пресврт и головите на Фред (47 минута) и Антони (73), откако претходно Левандовски (18) ја донесе Барселона во водство.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали ова е негова најголема победа како тренер на Јунајтед, холандскиот стратег одговори потврдно.
„Мислам дека да. Имавме неколку добри победи против Ливерпул и Арсенал на домашен терен. Меѓутоа, Барселона е водечки тим во шпанската лига со осум бодови предност пред Реал Мадрид и доколку можете да ги победите тогаш ова е мојата најголема победа“, изјави Тен Хаг.
Својот противник во осминафиналето во Лига Европа составот на Тен Хаг ќе го дознае на денешната жрепка во Нион.
Ново на Сител
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
