„Тешко е да се биде оптимист“ - Гутереш не гледа скор крај на војната во Украина

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека е „тешко да се биде оптимист“ во однос на можноста за скоро завршување на војната во Украина, која трае речиси пет години.
Говорејќи на прес-конференција на маргините на самитот на АСЕАН во Манила, Гутереш нагласи дека приоритет на Обединетите нации останува постигнувањето итен и безусловен прекин на огнот меѓу Русија и Украина.
Тој посочи дека секое евентуално примирје мора да претставува почеток на мировен процес што ќе гарантира почитување на меѓународното право, Повелбата на ОН и територијалниот интегритет на Украина.
Изјавата на Гутереш доаѓа по неодамнешните мировни разговори меѓу руските и украинските претставници, кои минатата недела се одржаа во Абу Даби, со посредство на Соединетите Американски Држави. Тоа беа први директни преговори по осуммесечна пауза, но средбите завршија без значителен напредок.
И покрај обновените дипломатски контакти, генералниот секретар на ОН засега не гледа причини за голем оптимизам дека конфликтот наскоро ќе биде ставен крај.
Ново на Сител
-

На Светскиот ден на дијабетесот пациентите бараат сензори за сите лица со Тип 1 и превенција од компликации
-

Поради ниската откупна цена на пченицата драстично намалување на површините за есенската сеидба
-

Интензивно се работи на автопатот Охрид-Кичево
-

Преглед на вестите од светот
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
