Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство

Во периодот од 2022 година до денес во СВР Скопје се евидентирани вкупно 1.275 случаи на семејно насилство, а податоците покажуваат значително зголемување на ефикасноста во постапувањето и процесирањето на сторителите - беше соопштено при денешната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Одделението за семејно насилство при СВР Скопје.
Како што информира МВР, Тошковски непосредно се запознал со работата на одделението, предизвиците со кои се соочуваат службениците и резултатите што ги постигнуваат во справувањето со семејното насилство.
Според статистичките податоци, во 2022 година биле пријавени 326 настани на семејно насилство, во 2023 година 216, во 2024 и 2025 година по 273 случаи, а во 2026 година, заклучно со денес, се евидентирани 187 случаи.
Податоците укажуваат и на раст на бројот на случаи процесирани по брза постапка. Во 2022 година биле процесирани 10 случаи и изречени четири мерки на претпазливост, во 2023 година 18 случаи и седум мерки, во 2024 година 25 случаи и 11 мерки, во 2025 година 34 случаи и 15 мерки, а во 2026 година досега се процесирани 52 случаи и се изречени 23 мерки на претпазливост.
Во споредба со 2022 година, бројот на случаи процесирани по брза постапка и бројот на изречени мерки на претпазливост се зголемени за повеќе од петпати, што, според МВР, укажува на побрза и поефикасна институционална реакција.
Министерот Тошковски истакнал дека семејното насилство се третира со највисок степен на сериозност и нагласил дека приоритет останува обезбедувањето навремена заштита на жртвите и брза и решителна реакција кон сторителите.
МИА
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
