-->
-->
Тошковски: Ставени под контрола пожарите во Крива Паланка, Орман, Дојран, Николиќ и Волково
-->
Под контрола се ставени пожарите во Дојран, Николиќ, Крива Паланка, Орман, Волково и пожарот во Самоков, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-Денес е активиран и механизмот за европска помош во справување со пожарите и максимално се ставаат во фунцкија сите капацитети на државата. Од страна на Грција се дадени на испомош два канадери и два пешадиски тимови. Сите владини институции се целосно мобилизирани. Во приправност се ставени околу 300 војници, од кои 150 активно беа вклучени на терен, околу 400 полициски службеници активно беа вклучени на терен, истакна Тошковски на прес-конференција во Владата по кризниот штаб.
Министерот нагласи дека државата ќе одговори на сите предизвици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење