Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени

Товарен и патнички воз се судрија денеска меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец во близина на хрватскиот град Крижевци. Шест патници се тешко повредени, а 13 се полесно повредени, соопшти хрватското Министерство за здравство.
На патниците им е укажана медицинска помош во болниците Бјеловар и Копривница, а некои се префрлени во болниците во Загреб. Во патничкиот воз имало 26 патници, машиновозач и кондуктер. Причината за несреќата сè уште се утврдува.
Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека истрагата ќе покаже што е причината за сударот меѓу патничкиот и товарниот воз. Тој нагласи дека најважно е што во несреќата нема смртни случаи.
Според него, тешко повредените патници и машиновозачот на патничкиот воз се пренесени во загрепските болници, додека некои од повредените се згрижени во медицински установи во близина на местото на несреќата.
МИА
Ново на Сител
-

Денеска се избира наследникот на Ислам Абази
-

Почнува амандманската распава за ребалансот на Буџетот – поднесени над 120 амандмани
-

Студентите денеска на средба со премиерот и министерката за образование
-

Податоците за загадувањето и дивите депонии ќе се дигитализираат и ќе бидат отворени за граѓаните
-

Најмладиот пациент со мозочен удар на 26 годишна возраст
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
-

Светски форум за ориентален тутун во Прилеп - како да се зачува тутунопроизводството наспроти строгите правила на СЈО
-

Преглед на вестите од светот
