Товарниот сообраќај трет ден блокиран, ако нема решение запира и меѓународниот автобуски превоз

Товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан кои од завчера поставија камиони на граничните премини кон шенген зоната барајќи од ЕУ да се измени правилото за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.
Првичните проценки на коморите се дека штетите од блокадите дневно изнесуваат 100 милиони евра за регионот од кој во протестот се вклучени камионските транспортери од државава, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се надмине проблемот на македонските превозници, прашање, како што изјави вчера, е отворено уште од септември со Европската комисија.
- Барем од она што е последна најава, очекувам ова да се реши. Јас вчера побарав телефонски разговор со претседателката на Европската комисија (Урсула фон дер Лајен), таа е службено отсутна во Индија. Очекувам деновиве да се слушнеме и повторно да ја отвориме оваа тема и заедно со колегите од регионот повторно да ја ставиме на маса. ЕУ си има шенген-механизам до кој се држи и ние сега бараме варијанта како да им излеземе во пресрет на транспортерите - изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при работната посета на општина Гази Баба.
Од Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија „Макам-транс“, веќе укажаа дека економска оправданост да се обезбедуваат по двајца возачи кога нема доволно возила, воопшто не постои. Не е економски оправдано еден возач три месеци да седи дома и да прима минимална плата, додека другиот работи. Тоа не е оправдано ниту од аспект на возачите ниту од аспект на превозниците - изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на „Макам-транс“.
Во меѓувреме, на проблеми поради новиот начин на евиденција укажаа и возачите на автобусите во меѓународниот превоз од каде апелиарат до европските институции за фер и применливо решение што ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока.
- Нашата заложба е идентична со ставовите на членките на Асоцијацијата „Макам-транс“ и сме подготвени на заеднички протест доколку не се донесе поволна одлука, која ќе обезбеди непречено функционирање на меѓународниот превоз и заштита на стопанството, изјави вчера претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски.
И Македонската национална транспортна асоцијација „Бест мобилити - НТА“ укажа дека блокадите на граничните премини се израз на револт на професионалните возачи и барање да се слушне нивниот глас за еднаков третман со возачите од ЕУ, порачувајќи решението да се бара во Брисел.
- Нашите барања се јасни. Признавање на возачите како „мобилни работници", чиј статус е верификуван со Сертификати за професионална компетентност (CPC). Исто така и заедничка акција со државниот врв. Упатуваме итен апел до Владата и ресорните министерства да го поддржат нашиот дијалог со Брисел преку официјални државни дописи и состаноци со надлежните во Европската комисија. Искуството од состаноците во Европскиот Парламент ни дава насока дека борбата за транспортниот сектор се добива со аргументи во институциите, со предлог на конкретни решенија и нивна брза реализација. Затоа, ги повикуваме и надлежните во нашата држава, а и превозниците кои се насомнено најпогодени од сето ова што сега се случува во патниот транспорт во регионот на Балканот - на единство во овие напори за да ја сочуваме стабилноста на македонскиот транспорт, изјави Оливера Миовска, претседател на БЕСТ Мобилити – НТА и заменик- претседател на BSEC-URTA.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
-

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари
-

Седум компании покажале интерес за инвестирање во дата центри
-

Се сруши потпорен ѕид на штипска клиника и затрупа две возила
-

Удавен добиток, поплави, уништени земјоделски посеви - обилните дождови предизвикаа сериозни штети во Струмичко
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
