Трамп бара конкретни чекори од НАТО за Ормуската Теснина

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува сојузниците во НАТО да преземат „конкретни“ обврски за да помогнат во обезбедувањето на Ормуската Теснина по разговорите со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти портпаролката на НАТО.
Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, изјави дека Руте ги информирал партнерите за разговорите во Вашингтон.
– Јасно е дека САД очекуваат конкретни обврски и дејствија за да се обезбеди слободна пловидба во Ормуската Теснина – рече таа.
Според „Блумберг“, повикувајќи се на висок претставник на НАТО, Вашингтон очекува европските сојузници да презентираат конкретни планови во рок од неколку дена, а слично објави и германскиот магазин „Шпигел“.
Руте им соопштил на некои земји-членки дека Трамп бара во рок од неколку дена конкретни обврски за обезбедување на теснецот, изјавија денеска за Ројтерс двајца европски дипломати, пренесува БТА.
.„Го земаме предвид разочарувањето на Вашингтон, но тие не се консултираа со сојузниците ниту пред, ниту по почетокот на војната“, изјави еден од дипломатите.„НАТО нема да учествува во војната против Иран, но сојузниците се подготвени да помогнат во барањето долгорочни решенија за Ормуската Теснина“, додаде дипломатскиот извор.
Руте изјави дека американскиот лидер е јасно разочаран од многу сојузници во Алијансата.
Трамп повеќепати критикуваше дека НАТО е алијанса само на хартија и дека Европа се потпира на американските безбедносни гаранции, без да даде соодветна поддршка за американско-израелската операција против Иран.
Иран ја блокираше Ормуската Теснина на почетокот на март како одговор на нападите од САД и Израел, со што практично беа прекинати испораките на нафта и течен природен гас од Заливот и беа предизвикани остри скокови на глобалните цени.
МИА
Ново на Сител
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
