Трамп ги укинува дополнителните тарифи за Индија по договорот за руска нафта

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вчера потпиша извршна наредба со која се укинува „казнената“ тарифа од 25 проценти за целиот увоз од Индија, воведена поради купувањето руска нафта од страна на Индија, соопшти Белата куќа.
Одлуката дојде откако Трамп претходно оваа недела објави дека постигнал трговски договор со Индија, според кој американските тарифи за индиските стоки се намалени од 50 на 18 проценти, во замена за суспендирање на увозот на руска нафта од страна на Индија и намалување на трговските бариери.
Индија е во голема мера зависна од увозот на енергија и задоволува околу 90 проценти од своите потреби за нафта од странство.
Купувањето поевтина руска нафта му овозможи на Њу Делхи да ги намали трошоците за увоз откако Москва ја нападна Украина во 2022 година, а западните земји воведоа санкции врз рускиот енергетски сектор.
Индија неодамна почна да ги забавува купувањата на руска нафта.
Увозот во јануари изнесуваше околу 1,2 милиони барели дневно, додека се проценува дека ќе падне на околу еден милион барели дневно во февруари и на околу 800.000 барели дневно во март.
Договорот со Индија е дел од пошироката трговска стратегија на администрацијата на Трамп, која има за цел да ја намали зависноста на глобалниот пазар од руската енергија и да ги зајакне билатералните трговски односи со клучните партнери.
МИА
Ново на Сител
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
-

Кратењето на буџетот за ретки болести може да го загрози животот на пациентите
-

Преглед на вестите од светот
-

Трендафилов: Нека се подготват за блокади идната недела
-

Околу 80 талентирани ученици од Струмица ќе бидат стипендирани во наредните девет месеци
-

Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
