-->
-->
Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август
-->
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба со која се пролонгира стапувањето во сила на така наречените реципрочни американските царини до 1 август.
Претходниот рок за завршување на трговските преговори за царините истекува денеска.
Трамп потврди дека ќе ги воведе царините од 25 проценти за стоки од Јапонија и Јужна Кореја од 1 август, доколку дотогаш не се постигне договор.
Тој посочи и дека планира да воведе царини од 40 отато за Мјанмар и Лаос, 36 проценти за Камбоџа и Тајланд, 35 отсто за Бангладеш и Србија, 32 процени за Индонезија, 30 отсто за Босна и Херцеговина и Јужноафриканска Република и по 25 отсто за Тунис, Малезија и Казахстан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба
-
Пожарот кај село Николиќ се уште активен, тешко пристапниот терен ја отежнува интервенцијата