-->
-->
Трамп: Израел се согласи со условите за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Израел се согласил со условите на конечниот договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, за време на кој ќе се вложат напори за завршување на војната во палестинската енклава.
„Израел се согласи со потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп преку социјалните медиуми.
„Катарците и Египќаните, кои работеа многу напорно за воспоставување мир, ќе го достават овој конечен предлог. Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати оваа понуда, бидејќи нема да биде подобро - може да биде само полошо“, заклучи американскиот претседател.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
