Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја
Американскиот претседател, Доналд Трамп, на почетокот на неговата државна посета на Обединетото Кралство, денеска кусо разговараше со новинарите за војната во Украина и неговите планови за нејзино запирање.
Запрашан од една новинарка за испораката на американските системи „Патриот“ за Украина и тајмингот на нивно пристигнување, американскиот претседател прво ја праша новинарката од каде доаѓа, а кога слушна дека е од Украина, тој кусо кажа „ ја сакам Украина, го сакам народот на Украина…..“
-Но, земјата е во сериозна неволја. Тоа е војна што никогаш не требаше да се случи. Но, јас ќе ја спречам, рече Трамп, додавајќи дека тој лично запрел седум војни во последните осум месеци
„Мислев дека ова ќе биде најлесно бидејќи го познавам Путин. Но, не е така, бидејќи постои огромна омраза меѓу Зеленски и Путин. Но, ние ќе го спречиме тоа“, рече американскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија