Трамп ќе нареди објавување на сите владини документи за вонземски живот

Преку својата платформа „Трут Сошал“, американскиот претседател Трамп објави дека ќе им наложи на федералните оддели и агенции да ги лоцираат и јавно да ги објават сите записи поврзани со вонземски живот и неидентификувани летечки објекти (НЛО).
Тој прецизираше дека наредбата ќе биде упатена до секретарот за војна, Пит Хегсет, како и до сите други релевантни институции, со цел да започне процесот на разоткривање на владините податоци за вонземски живот и неидентификувани воздушни феномени. Овој чекор доаѓа како одговор на долгогодишните барања за поголема транспарентност од страна на државата по ова прашање.
Во изјава за медиумите го обвини поранешниот претседател за невнимателно откривање на „класифицирани информации“, алудирајќи на изјавата на Обама во еден поткаст каде, веројатно на шега, потврди дека вонземјаните навистина постојат. Со оваа иницијатива, Трамп ветува дека дебатата за „посетителите од вселената“ конечно ќе добие официјален епилог преку државните архиви.
Ново на Сител
-

Кочани е првата општина во државата со бесплатен интернет за сите
-

Синдикалната кошничка во февруари поскапа за 965 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
